За Роса Продукција – Радио Роса

За Роса Продукција

„Роса Продукција“ дооел – Скопје е правно лице кое ја претставува нашата секундарна дејност – организирање на културно-уметнички манифестации од фолклорен и забавен карактер како солистички и групни концерти, па се до фестивали и промотивни настани.

Главен ангажман на продукцијата е организирање на фестивалот „Фолк Фест Роса“ кој се одржува секоја година, традиционално – во последниот петок во месец Ноември, во Скопје. Фестивалот „Фолк Фест Роса“ низ годините се изгради како најреномиран фестивал за промовирање на македонската новосоздадена народна песна.

РЕАЛИЗИРАНИ КОНЦЕРТИ:

Наум Петрески (2001г. – втор солистички концерт)

Миле Кузмановски (26.04.2010г. – јубилеј 20 години)

Миле Кузмановски  (16.04.2012г.)

Благоја Грујовски (11.04.2013г.) по повод 20 години од неговата музичка кариера

Миле Кузмановски (14.02.2014г.)

Марјан Коцев (11.04.2014г.) по повод 20 години од неговата музичка кариера

Ефто Пупиноски (16.05.2014) по повод 40 години од неговата музичка кариера

Момо Николовски (24.04.2015)  по повод 40 години од неговата музичка кариера

Сузана Спасовска (04.03.2016) по повод 40 години од нејзината музичка кариера

Милан Завков (17.04.2017) по повод 40 години од неговата музичка кариера

Марјан Коцев (29.03.2018г.)

Издаваштво:
Роса Продукција за Фолк Фест Роса има издадено 19 двојни и 1 единечен аудио албум,
од секој одржан фестивал поединечно
во тираж од преку 300 диска по албум.
Четвртиот албум
на Наум Петрески, – „Песно моја
издаден токму од оваа продукција во 2002г.
Вториот албум на Стеван Христовски, – „Наследство
издаден во 2015г.
Првиот албум на Сашо Ливрински – „Вруток“,
двојно ЦД издаден во 2017г.
Осмиот албум на Горан Тодоровски – „Една по една“,
двојно ЦД издаден во 2019г.

Сите сработени проекти на Роса Продукција се одликуваат со
професионална организација и квалитет на завидливо високо ниво.
Нашата мисија е да ја осигураме навиката за негување на народната песна,
да обезбедиме простор и да дадеме поттик на нови и надежни таленти
да станат дел од најзначајниот сегмент на современото општество – народната музика.

 

60 Доделени награди за животно дело
20 Реализирани фестивали
23 Солистички концерти
44 Издадени аудио ЦД-а